Top Sport

Тренерот Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев ја напуштија Брегалница

Македонскиот прволигаш Брегалница ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски и со спортскиот директор на клубот, Никола Тонев, објави клубот на официјалниот сајт.

Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот низ актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки кои раководството на ФК Брегалница се одлучи да ги прифати.

„ФК Брегалница и целокупното семејство на штипските „сини“ им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера“, се вели во соопштението од ФК Брегалница.

Scroll to Top