Top Sport

Тренерот кој сакаше да игра со 2-7-2 формација (без голман) му станува шеф на Пандев

Тијаго Мота ја прифатил понудата на Џенова да стане наследник на Аурелио Андреацоли во обид да се прекрати мизерната серија на клубот на македонскиот капитен Горан Пандев.

Мота се сретнал со управата на Џенова во понеделникот попладне, и според „Скај спорт Италија“ веќе е договорено поранешниот италијански репрезентативец да го преземе клубот, а „Тутомеркато“ тврди дека утре ќе биде официјализирана соработката.

37-годишниот Мота играше за Рособлу во сезоната 2008/09, по што кариерата ја продолжи во Интер и Пари Сен-Жермен. Тој се повлече од фудбалот на крајот на сезоната 2017/18, и минатата сезона беше тренер на У-19 тимот на ПСЖ, каде што стана познат со својата идеја за 2-7-2 стратегија на игра без голман.

Џенова има шест порази во последните седум натпревари.

Scroll to Top