Top Sport

Зидан: Јас сакам да сум во Реал засекогаш!

Зинедин Зидан ги отфрли шпекулациите за неговата иднина на клупата на Реал Мадрид, велејќи дека ако се прашува тој, ќе остане во својот сакан клуб засекогаш.

Реал се наоѓаат во незавидна позиција да бидат елиминирани во натпреварите по групи во Лигата на шампионите, по поразот од ПСЖ и ремито со Клуб Бриж, така што утре ќе мораат да ги победат Галатасарај, а во текот на викендот загубија и од Мајорка, по што повторно се појавија шпекулациите дека Жозе Мурињо му „дише во врат“.

„Тоа што се случи, се случи. Фудбалот заборава што си успеал во минатото, но таков е животот. За мене е исто како за сите. Тоа што го направивме со Реал е во минатото. Не можам да кажам дека тоа што го кажуваат луѓето не ме загрижува, но јас можам да го дадам максимумот и да размислувам позитивно. Јас би сакал да сум во Реал Мадрид засекогаш! Но, за мојата работа треба да прашате други луѓе“, вели Зидан.

Ова не е првпат да има шпекулации околу неговата иднина и тој признава дека тоа влијае на него.

„Притисокот е секогаш тука. Знаеме каква е ситуацијата, но тоа не менува ништо. Ние сме Реал Мадрид и не смееме да размислуваме негативно ниту минута“, додава Зидан.

Мурињо повторно во Реал Мадрид?

Scroll to Top