Хетафе одигра 0:0 против Барселона и со тоа направи чекор кон опстанокот во Ла Лига. Тренерот на Барселона, Чави, по средбата побара оправдување за ремито во условите за игра, а тренерот на Хетафе, Кике Санчес Флорес, со духовит одговор се потсмеваше на неговите зборови.
Чави по натпреварот го коментираше тревникот на стадионот на Хетафе, а бараше оправдување и во периодот во кој се играше натпреварот. Тој рече дека Барселона е навикната на вечерни натпревари и има проблем да игра на сончеви услови во недела попладне.
„Не сакам да навлегувам во тоа. Не игравме на песок или на земјена подлога, тревата е убава и иста за двата тима. Тие имаат ниска трева на својот стадион и создаваат услови кои им одговараат поради начинот на кој тие играат фудбал. Ние играме во услови кои се најдобри за нас. Ништо надвор од правилата не е направено“, изјави Кике Санчес Флорес, а потоа се осврна на сончевите услови кои наводно им направиле проблеми на играчите на Барселона.
„Нивеа, лосион за сонце, што било“, одговори тој и се насмеа.