Тренерот на Лајпциг, Марко Розe, го продолжи договорот со клубот. Toa ќе го задржи 46-годишниот стратег во тимот до летото 2025 година.
Розе го презеде кормилото на Лајпциг минатиот септември, на местото на отпуштениот Доменико Тедеско. Потоа потпиша договор до крајот на сезоната 2023/24.
За време на краткиот престој во Лајпциг, Розе го освои германскиот Куп, со што „биковите“ го одбранија трофејот што го освоија и со Тедеско една година претходно.
Првиот официјален натпревар на Лајпциг во новата сезона е на 12 август против шампионот Баерн Минхен во натпреварот од Суперкупот на Германија. Една недела подоцна, тимот се среќава со Баер Леверкузен на почетокот на Бундеслигата.