Тренерот на Севилја, Едуардо Берисо ќе оди на операција за ракот на простатата во вторник, потврди клубот од Ла лига, а неговото место привремено ќе го заземе неговиот заеменик, Ернесто Маркучи.
„Враќањето на аргентинскиот тренер на клупата на Севилја ќе зависи од операцијата и од случувањата по операцијата. Ние го очекуваме многу бргу“, објави Севилја.
Вестите за болеста на 48-годишниот Берисо се појавија по мечот од Лигата на шампионите против Ливерпул минатата недела, кога Севилја се врати од 0:3 за 3:3 реми во незаборавен меч. Сличен кам-бек Севилја имаа и во неделата, враќајќи се од 0:2 негатива против Вилјареал за 3:2 победа со која тимот е на петтото место во Ла лига.