Top Sport

Тренерот на Унион Берлин му удри шлаканица на Лирој Сане

Хрватскиот тренер Ненад Бјелица беше главниот актер на натпреварот во Минхен, меѓу Баерн и Унион Берлин.

Бјелица во 74. минута доби црвен картон.

Тренерот влезе во конфликт со Лерој Сане, откако не сакаше да ја фрли топката кон играчот на Баерн за да може играта да продолжи. Потоа дојде до инцидент, Бјелица го оттурна Сане, го удри во лицето, а Германецот не остана имун на провокацијата и настана хаос.

Останатите играчи на двата тима спречија тепачка меѓу играчите на Баерн и тренерот на Унион Берлин.

„Бев во мојот простор, ја зедов топката и сакав да му ја дадам на Сане“ рече Бјелица по мачот. Тој им се извини на сите за инцидентот што го предизвика.

Инаку, натпреварот заврши со победа на Баерн 1:0. Единствениот гол го постигна Гереро во 46.минута. Баерн сега има четири бода помалку од лидерот на табелата Баер Леверкузен.

Scroll to Top