23-годишниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо, очигледно е првата нова ѕвезда на Мундијалот во Катар, откако во својот трет меч на шампионатот, го постигна својот трет гол за водство против Катар во последниот меч од групата А.
Гакпо, кој стрелаше и против Еквадор и Сенегал, го отвори резултатот во 16. минута од мечот, станувајќи прв холандски фудбалер во историјата кој постигнал голови во три последователни мечеви на СП. За Гакпо подолго време е заинтерисиран Манчестер јунајтед, кој наводно веќе преговара за личните услови со напаѓачот.
Cody Gakpo Scores AGAIN, just few hours after Fabrizio reported that Man Utd are discussing personal terms with his agent 😬
He is on fire 🔥 pic.twitter.com/SevK4LACLD
— UtdFaithfuls (@UtdFaithfuls) November 29, 2022