Top Sport

Трет пораз во низа, Рома падна во Бергамо (Видео)

Аталанта ја победи Рома 2:1 во последниот меч од саботната програма во Серија А. Аталанта само ја продлабочи кризата во која се наоѓа „волчицата“. По третиот пораз во низа сериозно се тресе столчето на кое седи ренерот Паоло Фонсека.

Рома не успеа да победи во Бергамо иако на полувреме имаше предност од 0:1. Голот го постигна Един Џеко во финишот на полувремето.

Аталанта во второто полувреме во краток период направи целосен пресврт. Паломино кој згреши кога Џеко постигна гол ја исправи својата грешка во 50 минута кога израмни на 1:1.

Во 58 минута на теренот влезе Пашалиќ на местото на Запата, а веќе во наредната минута хрватскиот репрезентативец постигна гол за 2:1.

До крајот на мечот двата тима имаа свои шанси меѓутоа резултатот не се менуваше.

Со оваа победа Аталанта на четвртото место има шест бода повеќе од Рома.

Scroll to Top