Top Sport

Трезеге донесе победа за Египет на отварањето на Африканскиот куп на нации (видео)

Прекрасниот гол на напаѓачот на турскиот клуб Касимпаша, Трезеге беше доволен за Египет да има победнички старт на домашниот Африкански куп на нации со 1:0 триумф над Зимбабве, каде што тие се први фаворити за титулата.

На преполниот „Интернационален стадион“ во Каиро, Трезеге во 41. минута по една одлична акција на египетскиот напад не згреши и упати убав удар да го совлада противничкиот голман.

Дуелот на домаќините, предводени од ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах и на Зимбабве, го отвори шампионатот и натпреварите во групата А, каде што уште се и Уганда и ДР Конго.

Scroll to Top