Top Sport

Трезеге ги уништи Фулам со два гола во три минути!

Фулам на Скот Паркер беа блиску до победа на „Вила парк“ со која ќе ги зголемеа драстично шансите за опстанок во Премиер лигата, пред египетскиот фудбалер кој го избра своето име во чест на славниот француски ас Давид Трезеге да им даде два гола за победа на Астон вила од 3:1.

Александар Митровиќ ја продолжи фантастичната голгетерска форма од српската репрезентација, носејќи им предност на Фулам во 61. минута. Кога изгледаше дека со победата, Фулам ќе се доближи на поен до безбедната зона, на сцена стапи Трезеге, кој стрелаше во 78. и 81. минута за целосен пресврт. Оли Воткинс во 87. минута само стави печат на триумфот.

Вила со победата се искачува на 9. место на табелата (пред Арсенал) со 44 поени, додека Фулам останува на 17. место со 26 поени, три зад 16-пласираниот Њукасл и тоа со натпревар повеќе (31 во однос на 30 на Њукасл).

Scroll to Top