Top Sport

Три децении од светската титула на Црвена звезда – Панчев стави точка на победата

На денешен ден пред 30 години фудбалерите на Црвена звезда стана светски шампиони. На 8.декември 1991 година, во Токио, Црвена звезда со 3:0 го победи Коло Коло од Чиле. Седум месеци претходно црвено-белите станаа европски шампиони.

Двајца Македонци беа актери на тие натпревари. Пехарите во Купот на шампионите и Интерконтиненталниот куп ги кренаа Илија Накдоски и Дарко Панчев.

Панчев, против Коло Коло, стави точка на победата со голот во 72.минута. Првите два гола за Црвена звезда ги постигна, тогаш најмладиот во тимот, 22-годишниот Владимир Југовиќ.

Југовиќ подоцна беше прогласен за најдобра игра на натпреварот и од организаторот на подарок го доби најновиот модел на „Тојота“.

Црвена звезда против Коло Коло настапи со: Милојевиќ – Радиновиќ, Белодедиќ, Најдоски, Василијевиќ – Стошиќ Ратковиќ, Југовиќ, Михајловиќ, – Савиќевиќ, Панчев.

Scroll to Top