Top Sport

Три натпревари суспензија за Нејмар

Француската Лига 1 немаше милост кон Нејмар и му изрече суспензија од три натпревари, за црвениот картон и скандалот што го предизвика потоа, на натпреварот со Лил.

Бразиелцот, во поразот на својот тим од Лил (0:1), го доби вториот жолт картон во 90.минута, а на патот кон соблекувалните се обиде физички да се пресмета со Дјало, кој исто така поради вториот жолт картон предвреме го заврши натпреварот.

Поголем инцидент спречија членовите на двата тима.

Идентична казна како Нејмар доби и Дјало.

 

Scroll to Top