Top Sport

Тричко не застанува – два гола против Анортозис (видео)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува со фантастичната игра во кипарскиот АЕК Ларнака, откако постигна два гола при 2:1 победата над лидерот на табелата, Анортозис.

Тричковски го постигна својот 19. гол во шампионатот на фантастичен начин од слободен удар, додека во второто полувреме по еден корнер со глава го постигна својот 20. гол оваа сезона, со што убедливо е најдобар стрелец во кипарскиот шампионат.

АЕК Ларнака и покрај победата е само на петтото место на табелата.

Scroll to Top