Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски ќе паузира во наредните три седмици поради повреда на мускулот, објави неговиот клуб АЕК Ларнака. Тој се здобил со повреда на натпреварот против АПОЕЛ во првенството на Кипар, а деталните прегледи покажале дека повредата е од посериозна природа.
„Тричковски има проблем со мускул и ќе биде надвор од тимот во наредните три недели. Неговата состојба се следи секојдневно“, објави кипарскиот клуб.
АЕК Ларнака вечерва игра против Динамо Киев во Лигата на Европа.