Top Sport

Тричковски со два гола ги однесе АЕК Ларнака во третото коло (видео)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна два гола за да помогне неговиот клуб, кипарскиот АЕК Ларнака со 4:0 да го совлада ирскиот Дандалк и да се пласира во третото квалификациско коло на Лига Европа.

Тричко беше прецизен во 13. минута за 1:0 и во 38. минута за 3:0 за неговиот клуб лесно да го совлада ирскиот претставник по ремито без голови минатата недела. Првиот гол за Тричковски, кој е капитен на кипарскиот клуб дојде со удар од работ на шестнасетникот, додека вториот гол по одбиена топка откако првиот удар со глава беше одбранет.

Scroll to Top