Киеран Трипиер вели дека добро се вклопува во животот како фудбалер на Атлетико Мадрид, за што очигледно најмногу му помага Диего Коста, „најсмешниот фудбалер“ на светот, според Англичанецот.
29-годишниот Трипиер по четири сезони со Тотенхем направи неочекуван трансфер во Ла лига и доби шанса подобро да го запознае Диего Коста, фудбалер кој има репутација на кавгаџија на теренот.
„Десет пати дневно ме вика Руни. Тоа го прави цело време, само да се шегува со мене. Но, тоа е Диего и не е многу важно. Смешно е и тој постојано прави шеги. Го знаев од Премиер лигата, но не знаев дека е најсмешниот фудбалер на светот. Има одлична атмосфера и сите знаат да се шегуваат, но Диего е убедливо најсмешниот. Адаптацијата во тимот помина совршено, времето е пријатно, храната е многу подобра отколку во Англија и се чувствувам добредојдено“, вели Трипиер.