Top Sport

Трка со времето за ЕУРО 2020 – Ибрахимовиќ паузира три недели

Златан Ибрахимовиќ нема проблем со вкрстените лигаменти во коленото, но и покрај тоа мора да мирува три недели, објавија италијанските медиуми. Ибрахимовиќ се повреди на 9.мај, во Торино, во големата победа на Милан над Јувентус (3:0).

Поради оваа повреда Ибрахимовиќ ја заврши сезоната во Серија А и ја започна трката со времето за настап на ЕУРО 2020.

Ибрахимовиќ, деновиве бил во Питсбург, кај докторот кој го оперирал во 2017 година кога имаше тешка повреда на коленото. Прегледите покажале дека нема оштетување на предните вкрстени лигаменти.

Во Шведска се надеваат дека ќе биде подготвен за настап на ЕУРО 2020, кое започнува на 1.јуни со мечот Италија-Турција.

Ибрахимовиќ, во март, по пауза од пет години се врати во националнуот тим.

Scroll to Top