Top Sport

Гладијаторска борба во Рим – Ѓоковиќ го победи Циципас

Новак Ѓоковиќ по два дена и три часа и 16 минути игра успеа да се пласира во полу-финалето на Мастерсот во Рим. Српскиот тенисер, во неверојатен меч, го победи петтиот носител Стефанос Циципас со 4/6, 7/5, 7/5.

Ѓоковиќ, успеа да се извлече од бездната во која се наоѓаше во најголемиот дел од мечот. Во вториот и третиот сет, првиот носител, се враќаше од брејк минус. Во решавачкиот сет, Циципас имаше водство 4:5 и сервис за победа, меѓутоа до крајот Ѓоковиќ освои три гема и ја забележа четвртата последовна победа над Циципас, втора на земјана подлога.

Брејк топките, можеа ни не го решија конечниот победник. Ѓоковиќ имаше лоша реализиција, од 23 брек-топки искористи шест, додека Циципас во подобар процент ги реализираше своите брејк шанси, 5/14.

На крајот Ѓоковиќ имаше 42 директни поени и 35 неизнудени грешки, додека тој однос кај Циципас беше 38/41.

Новак Ѓоковиќ вечерва ќе го одигра полу-финалето. Од 18.30 часот противник ќе му биде победникот од дуелот помеѓу Роберто Сонего и Андреј Рубљов.

Scroll to Top