Top Sport

Троа го изнамачи ПСЖ

Францускиот првак Пари Сен Жермен со многу мака дојде до победа (4:3) над Троа и се зацврсти на врвот на табелата со 35 бода, пет повеќе од Ленс. Гостите прикажаа храбра игра и двапати имаа водство на „Паркот на принцовите“.

Мама Балде ги доведе фудбалерите на Троа во водство во третата минута, но израмни Карлос Солер во 24.минута. На стартот на второто полувреме повторно Мама Балде ја фати на спиење одбраната на домаќинот. Лео Меси израмни со удар од далечина, а Нејмар во 62.минута се погрижи за пресврт.

Килијан Мбапе од пенал зголеми на 4:2, а Троа постигна уште еден погодок преку Палаверса.

Scroll to Top