Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ игра како препороден во поранешниот европски шампион, Милан.
Тој со синоќешниот погодок против Болоња (Милан триумфираше со 5-1) стигна до ефект од 11 погодоци од 16 натпревари од почетокот на оваа турбулентна 2020 година. Со тоа Хрватот стана третиот најефикасен играч во една од петте најквалитетни европски лиги од почетокот на годината.
Пред него се норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд со 13 и полскиот голгетер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски со 12 гола.
Сепак, хрватскиот интернационалец кој минатото лето на „Сан Сиро“ дојде од Ајнтрахт Франкфурт има можност да ги прескокне затоа што Бундеслигата е завршена, а Милан го очекуваат уште 4 меча до крајот на Серија А.
11 – In 2020 calendar year, only Erling #Haaland (13 goals) and Robert #Lewandowski (12) have netted more goals excluding penalties than Ante #Rebic (11) among the top-5 European Leagues. Explosion.#MilanBologna pic.twitter.com/LW9v6W6uXX
— OptaPaolo (@OptaPaolo) July 18, 2020