ТЦС од Бачка Паланка и ФЦСБ (поранешна Стеауа) синоќа во квалификациите за Лига Европа одиграа еден од најлудите натпревари во историјата на фудбалот. Натпреварот во регуларниот дел заврши 3:3, по продолженијата беше 6:6, а пенал-рулетот им припадна на гостите од Романија со 4:5. Само играчот на ТСЦ, Бањац, не успеа да реализира од 11 метри.
Романскиот тим во Бачка Топола стигна со само 14 фудбалери, без девет првотимци кои останаа дома поради коронавирусот. На клупата Стеауа има само тројца играчи, еден напаѓач и двајца играчи од редот за врска.
Од друга страна ТСЦ издржа до пеналите откако целото второ полувреме го одиграа со играч помалку, а продолженијата ги завршија со двајца помалку на теренот.
ТЦС има водство од 2:0 и 3:1, но Стеауа успеа да ја стигне таа предност и да избори пласман во плејофот каде за противник ќего има Слован Либерец.