Top Sport

Тухел: Баерн беше многу хаотичен против Борусија Дортмунд

Германскиот првак Баерн Минхен го победи дербито против Борусија Дортмунд со 4:2, а тоа беше и победнички старт за Томас Тухел на клупата на баварскиот клуб. 49-годишниот стратег е задоволен од триумфот, но порача дека тимот на Баерн има уште многу да работи за да ги исполни неговите замисли.

„Ова беше добар прв чекор. Игравме премногу хаотично, сакавме поголема доминација и контрола. Почнавме премногу нервозно. Всушност, целата наша игра беше премногу невешта и премногу ја губевме топката. Имаме уште многу да работиме. Промената на тренерот секогаш носи возбуда, играчите мораат многу да научат. Но, кај нив желбата да се заврши задачата беше стопроцентна. Тоа е најважно. Сега сме на врвот на табелата, што ќе ни даде душевен мир и самодоверба“, изјави Тухел.

Следниот предизвик за Баварците е тимот на Ајнтрахт Франкфурт во Бундеслигата, а потоа следат натпреварите против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Scroll to Top