Челси изгледаат посебно „опасно“ оваа сезона во Премиерлигата и во Лигата на шампионите под водство на Томас Тухел, но германскиот тренер има една желба која сака да му ја исполни газдата Роман Абрамович – на „Стемфорд Бриџ“ да го донесе Федерико Киеза од Јувентус.
„Сините“ вчера го декласираа Јувентус со 4:0, најголем пораз во ЛШ во историјата на италијанскиот клуб, и тоа без повредениот Ромелу Лукаку, и според „Калчомеркато“, Тухел повторно, по обидот во текот на летото за 100 милиони евра да го донесат Киеза, бара Абрамович и клубот да го обезбедат трансферот на одличниот фудбалер од средниот ред.
Киеза беше еден од најдобрите фудбалери на Италија на патот до титулата на ЕУРО 2020, со две награди за најдобар на мечот, но Јувентус не сакаа воопшто да разговараат за талентот. Киеза техички уште е фудбалер на Фиорентина, бидејќи е во Јувентус на двегодишна позајмица, со обврска за купување – ќе треба да платат 40 милиони евра следното лето.