Top Sport

Тухел ја одбил Севилја

Поранешниот менаџер на Челси, Томас Тухел, не може да се пожали дека не добива понуди откако беше отпуштен од „Стемфорд Бриџ“. Последната понуда до него била од Севилја, но германскиот стратег одбил да го преземе тимот од „Рамон Санчез Писхуан“, тврди „Билд“.

Севилја до неодамна бараше нов тренер по отказот на Хулен Лопетеги. Андалузијците се обидоа да го доведат Тухел, но тој не беше заинтересиран за нивната понуда истакнувајќи дека бара посериозен предизвик.

Севилја на крајот го назначи Хорхе Сампаоли, а Тухел чека нови интересни понуди за продолжување на кариерата. Тој пред извесно време одбил понуди од Баер Леверкузен и два тима од Англија.

Според некои најави од Островот, Тухел би можел да ја преземе репрезентацијата на Англија по завршувањето на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top