Тренерот на Пари Сен Жермен Томас Тухел потврдил дека играч на неговиот тим Лајвин Курзава е блиску до трансфер во Јувентус. Во спротивна насока, на местото на Курзава, ќе прстигне Матија Де Шиљо.
„Лекип“ во петокот најави дека ПСЖ и Јувентус подготвуваат размена. Дека не станува збор за шпекулација потврди и тренерот на францускиот шампион.
„Јас ја одобрив оваа размена. Меѓутоа се уште ене ништо официјализирано. Курзава нема да биде во составот против Лил“, рекол Тухел.
Француските медиуми тврдат дека Курзава веќе си ги собрал работите од соблекувалната на ПСЖ.
Наводно трансферот го кочи Јувентус будејќи покрај размената барале и пари за да го пуштат Де Шиљо во Париз.