Top Sport

Тухел ќе го замени Симеоне во Атлетико Мадрид?

Ги брои ли Диего Чоло Симеоне последните денови на клупата на Атлетико Мадрид? Со оваа тема интензивно се занимаваат шпанските медиуми. Симеоне и покрај серијата на лоши резултати, нема намера да отстапи од функцијата. Неговиот договор истекува во јуни 2024 година.

Симеоне, најплатениот тренер на денешницата, би можел да ја заврши одисејата на клупата на „јорганџиите“. Атлетико веќе испадна од Европа, додека во првенството Барселона има предност од 13 бода во однос на тимот од „Сивитас Метрополитано“.

Чоло на клупата на Атлетико седна во декември 2011 година. Успеа да го врати Атлетико Мадрид на врвот на европскиот фудбал, со „јорганџиите“ освои две титули во Ла Лига, две во Лига Европа и во Суперкупот на Европа.

Англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека Томас Тухел е човекот кој ќе го замени.

Германскиот стручњак е без работа од септември и (не)очекуваната разделба со Челзи. Тухел призна дека ненадејниот прекин на соработката со „сините“, длабоко го погодил, но дека е подготвен да му се врати на фудбалот. Тој се споменуваше и како наследник на Герет Саутгејт на кормилото на репрезентацијата на Англија по завршувањето на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top