Top Sport

Макс го изневери Перез: Покажа каков е во реалноста

Врие во Ред Бул по трката за Големата награда на Бразил, која заврши со победа на Џорџ Расел од Мерцедес. Возачите на Ред Бул трката ја завршија на шестата и седмата позиција.

Трката во Бразил нема ништо да смени на врвот, бидејќи Ферстапен веќе ја освои титулата, но може да има големо влијание во борбата за второто место, за кое се борат Перез и возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Перез по трката не криеше дека е разочаран од однесувањето на колегата Ферстапен, кој ја одби тимската наредба, да му ја препушти позицијата на Перез.

Перез беше разочаран од реакцијата на двократниот светски шампион бидејќи се надеваше дека ќе му помогне на Верстапен во неговата битка за втор во генералниот пласман со Шарл Леклер од Ферари.

„Во суштина покажа каков е во реалноста“, порача Мексиканецот во радио пораката до тимот, откако трката заврши, а подоцна додаде:

„После се што направив за него, малку сум разочаран да бидам искрен. Навистина сум изненаден. Дефинитивно ни недостасуваше брзина овој викенд. Се надевам дека ќе се вратиме во вообичаената форма во Абу Даби“.

Леклерк и Перез ја делат втората позиција во генералниот поредок со по 290 бодови.

Последната трка на програмата е на 20.ноември во Абу Даби.

Scroll to Top