Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, признал дека на неговиот тим му недостигал Нејмар во синоќешниот пораз од Рен (2-1).
Бразилецот нема доволно тренинзи, се уште се рехабилитира од повредата поради која ја пропушти Копа Америка. Според медиумите интерес за Нејмар покажуваат Берселона и Реал Мадрид.
„Нејмар нема да замине доколку пред тоа не обезбедиме замена. Доколку остане ќе имаме фудбалер кој ќе може да ни помогне. Секогаш повторувам, преодниот рок трае уште десет дена, дотогаш сè е можно“, рекол Тухел.
Се шпекулира дека челниците на Пари Сен Жермен ги отвориле преговорите со играчот на Јувентус, Паоло Дибала.