Top Sport

Тухел: Манчестер Сити е фаворит против Баерн на „Етихад“

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, истакна дека Манчестер Сити е фаворит на вечерашниот прв натпревар на „Етихад“, во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Има план и како неговиот тим да го сопре Ерлинг Халанд.

„Мораме да дејствуваме заедно. Влегуваме во овој натпревар како аутсајдери и тоа е нормално. Сепак, важно е да ја задржиме самодовербата и да одиграме на максимум од нашите можности“, потенцира тренерот на Баварците.

„Стилот на Манчестер Сити не е променет со доаѓањето на Халанд, нападите се организираат на ист начин. Секако, тој е врвен напаѓач и тимот многу зависи од него. Халанд му го дава на тимот тоа што му недостигаше во последните години. Мислам дека имаме јасна претстава за тоа што нѐ чека. Сакаме да го спречиме Манчестер Сити да доминира премногу силно“, изјави Тухел.

Баерн Минхен ќе биде ослабен на „Етихад“, ќе мора да настапи без напаѓачот Ерик Максим Чупо Мотинг.

Scroll to Top