Top Sport

Бока Јуниорс го назначи Хорхе Алмирон за нов тренер

Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс го назначи Хорхе Алмирон за нов тренер на тимот по заминувањето на Хуго Ибара. Поранешниот репрезентативен дефанзивец ја презема екипата, која моментално е на 12. позиција во Примера, а десет бода зад лидерот Ривер Плата.

Хорхе Алмирон, добредојде дома“, напиша аргентинскиот клуб на својот Твитер профил покрај неколку фотографии од стратегот за време на неговиот прв тренинг.

Алмирон (51) ја започна својата тренерска кариера во Мексико и водеше тимови како Индепендиенте и Ланус. Со вториот тим стигна до финалето на Копа Либертадорес во 2017 година, каде загуби од бразилскиот Гремио.

Scroll to Top