Top Sport

Тухел: Мане мораше да биде исклучен

Челси и Ливерпул освоија по еден бод, откако одиграа 2:2 во 21.коло, во Премиер лигата. Нерешениот резултат му овозможи на Манчестер сити да ја зголеми предноста на челната позиција, на табелата.

Челси и Ливерпул одиграа фантастичен меч, особено во првото полувреме, кога беа постигнати головите.

Сепак од првиот дел, највпечатлив е моментот од првата минута, кога Садио Мане беше казнет само со жолт картон.

„Не сум за исклучувања во раната фаза од натпреварот, но морам да го кажам ова. Мане мораше да добие црвен картон. Тој е одлична личност, сјајен фудбалер, но мораше да биде исклучен. Таков старт, лакт во лице е црвен картон. Небитно е дали прекршокот бил во 20.секунда или во 20.минута“, изјавил менаџерот на Челси, Томас Тухел.

Scroll to Top