Top Sport

Тухел може да остане без британската виза по отказот од Челси

Томас Тухел се наоѓа во незавидна ситуација во која може да не му биде дозволен престој во Велика Британија откако доби отказ од Челси, тврди британски „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Германецот доби отказ на почетокот на месецот по 1:0 поразот од Динамо Загреб и беше заменет со Греем Потер од Брајтон, откако „сините“ платија рекордни 21 милиони фунти за да го ослободт од договорот. Тухел, пак, уште живее во близината на тренинг-центарот на Челси во Кобем, бидејќи неговите ќерки одат на училиште во Сареј.

Според „Телеграф“, Тухел не е сигурен ког мора да замине од Британија поради новите визни правила по Брегзит. Кога дојде на чело на Челси во јануари 2021, Челси мораше да побара посебна виза за него и за неговиот тим. Според изворите на „Телеграф“, Тухел може да остане само 90 дена по раскинот на договорот со Челси, иако нема потврда за ова.

Во исто време, се верува дека Јувентус и Баерн Минхен размислуваат за можно поставување на Тухел на тренрската позиција по лошите резултати на стартот на сезоната.

Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top