Top Sport

Катар бара ФИФА да не дозволи капитенски ленти со боите на виножитото

Иако капитените на повеќе европски земји веќе најавија дека на Мундијалот во Катар ќе носат капитенски ленти со боите на виножитото, како дел од „OneLove“ кампањата за инклузивост и против дискриминација, ФИФА уште го нема одобрено ова, а организаторите на Мундијалот, Катар не се воодушевени од идејата, бидејќи во оваа земја хомосексуалноста е кривично дело.

УЕФА веќе дозволи лентите да се носат на мечевите од Лигата на нации, но за да се користат на Светското првенство, дозволата треба да дојде од Светската фудбалска федерација (ФИФА). Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) веќе има пратено барање до ФИФА, уште нема одговор.

Ситуацијата може да предизвика и дипломатски сканал, откако во 2018 година, англиската ФА потпиша меморандум за разбирање со Фудбалската федерација на Катар, односно договор за „соработка“, и Катар е незадоволен што воопшто не биле консултирани за капитенските ленти. Тие веќе ја контактирале ФИФА со барање да се забрани промоцијата на „хомосексуалноста“.

Србија и Хрватска нема да носат капитенска лента со боите на виножитото на Мундијалот

Scroll to Top