Тренерот н Пари Сен Жермен Томас Тухел не бил сигурен дека ќе го има во тимот Нејмар за првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.
Бразилецот е повреден и не игра од 1 февруари. Ги пропушти мечевите во првенството против Нант и Лион и дуелот со Дижон во Купот на Франција.
„Не сум сигурен дека ќе биде подготвен да игра против Борусија. Во петок ќе разговараме, тогаш ќе решиме дали ќе игра. Не сакаме да ризикуваме со неговата повреда“, рекол Тухел.
Првиот натпревар помеѓу Борусија и ПСЖ се игра во Дортмунд на 18 февруари.