Природните квалитети на Ромелу Лукаку како „деветка“ ќе му помогнат на Тимо Вернер да го покаже својот раскошен талент по сезона одбележана со промашување за Германецот, смета менаџерот на Челси, Томас Тухел.
Лукаку се врати на „Стемфорд бриџ“ 10 години подоцна, и се приклучува на напаѓачки тим со Вернер, кој не успеа да се снајде најдобро во првата премиерлигашка сезона. Тухел вели дека тоа ќе се смени сега, почнувајќи со гостувањето кај Арсенал денеска.
„Мислам дека Ромелу ќе биде големо ‘унапредување’ за Вернер. Со целото внимание на Ромелу, кој секогаш сака да биде во центарот на теренот и да се бори со дефанзивците, Тимо ќе има многу повеќе простор. Сега тој може да игра малку пошироко од лани и ќе добие слобода да постигнува голови и да биде опасен“, смета германскиот стручњак.