Top Sport

Тухел: Полесно е да го водиш Лукаку, отколку Нејмар и Мбапе

Тренерот на Челси, Томас Тухел во интервју за „Sportweek“, неделник на италијанска „La Gazzette dello Sport“ раскажа за периодот додека беше на клупата на ПСЖ пред да дојде во Челси и да се качи на „покривот на Европа“.

Вели дека сега во Лондон му е многу полесно да менаџира со екипата за разлика од Париз.

„Многу е полесно да го водиш Лукаку, отколку Нејмар и Мбапе. Челси и ПСЖ се два различни клубови. Се е поинаку, почнувајќи од организацијата. Во ПСЖ се чувствував како министер за спорт. Таму освен за тактиката и за своите играчи, морав да се грижам за нивните семејства, но и за пријателите на играчите. Во Челси имам повеќе мир, само работам“ вели Тухел.

Германецот досега на клупата на „сините“ помина 43 натпревари со учинок од 29 победи, 7 нерешени и 7 порази.

Челси моментно е лидер во Премиерлигата со бод повеќе пред Ливерпул и два пред Манчестер Сити.

Scroll to Top