Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел признава дека шансите за титулата од Лигата на шампионите оваа сезона се „намалени, но не и невозможни“, откако беше потврдено дека нема да може да смета на Томас Муние и Единсон Кавани.
Најдобриот стрелец во историјата на клубот, Кавани и белгискиот десен бек Муние ги одбија краткорочните договори со клубот да останат до крајот на август, кога ПСЖ ќе треба да игра во четврт-финалето на ЛШ. Капитенот Тијаго Силва и Лајвин Курзава, според француските медиуми ќе останат до крајот на сезоната, но нема да добијат нови договори.
„Сите фудбалери се важни за формирање на менталитетот на тимот и губењето на Кавани, Силва и Муние ја намалува групата. Секогаш игравме со нив и ќе го загубиме квалитетот со нивното заминување. Нема да биде невозможн и ќе имаме силен тим, но не е исто како досега“, вели Тухел.