Top Sport

Тухел: Со ваква игра, немаме шанси во Мадрид

Реал Мадрид го победи Челси со 1:3 во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите на „Стемфорд бриџ“. Тоа е голем удар за актуелниот европски првак, а во пласман понатаму сега не верува ниту менаџерот Томас Тухел. Посебно ако и во Мадрид неговиот тим одигра така слабо.

„Со ваков настап, немаме шанси за полуфинале“, изјави германскиот стратег. „Мора да се пронајдеме, не знам што ни се случи по репрезентативната пауза. Синоќа го повторивме второто полувреме од дуелот против Брентфорд. Примивме седум гола за пет дена. Нема подлабока причина, ова е алармантно. Не може да се очекува добар резултат после ваков настап. Бевме далеку од нашето ниво. Се обидовме да играме во нова формација. Го уништивме натпреварот со кардинални грешки. Виновни сме сите, почнувајќи од мене“, изјави Тухел.

Реваншот е на 12. април на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Scroll to Top