Менаџерот на Челси, Томас Тухел признава дека на неговиот тим „му недостасува сè“, откако лошата форма во домашниот шампионат ја надополнија со шокантен 1:0 пораз од Динамо Загреб во првото коло од Лигата на шампионите.
„Повторно слаб меч од нас и повторно истата приказна. Стартуваме добро, не ги користиме шансите, не чувствуваме кога е потребно да се кренеме во првите 15-20 минути и потоа ќе примиме лесен гол од контранапад, па ќе се мачиме и ќе загубиме. Јасно е дека не сме таму каде што треба да бидеме, и тоа е моја вина, наша вина. Во моментов недостасува сè!“, вели Тухел.
Тој одби да го критикува Пјер-Емерик Обамејанг, кој имаше деби за „сините“ за заборав со малку шанси пред голот на Динамо.
„Нема да зборувам за индивидуални перформанси денеска. Играме како тим, и губиме како тим“, вели Тухел.