Томас Тухел откри дека нема најдобри односи со Нејмар во Пари Сен-Жермен, признавајќи дека „воопшто не е лесно“ да се менаџир таква мега-ѕвезда.
По цело лето шпекулации, Нејмар остана на „Паркот на принцовите“ за 2019/20, откако се обиде да издејствува враќање во Барселона поради превисоките барања на францускиот клуб. При враќањето во тимот, тој постигна четири гола во пет меча во Лига 1, пред да се повреди во октомври и да се врати во игра само во петокот при 2:0 победата над Лил.
Тухел го извади од игра по еден час игра, и потоа реши вечерва тој да не биде стартер на гости кај Реал Мадрид.
„Воопшто не е лесно да го менаџирате. Тој има огромно срце, но за жал не секогаш покажува дека е добродушно момче во кое можете да верувате. Понекогаш е провокативен, и тоа е лошо бидејќи е непотребно. Му го кажувам тоа. Се смееме заедно и секогаш си ја кажуваме вистината. Тој ги прифаќа критиките, но не се менува“, вели Тухел.