Top Sport

Тухел: Жал ми е за Кејн, ќе помисли дека четири недели не сме тренирале

Хари Кејн нема по добро да го памети дебито во дресот на Баерн. Кејн, во саботата го потпиша договор со Баварците и неколку часа подоцна се најде во тимот против Лајпциг, во Суперкупот на германија. Лајпциг, среде Минхен, со хет-трикот на Дани Олмо, го прегази Баерн.

„Не очекуваме од него да биде суперхерој. Очекуваме само да биде тоа што е. Врвен фудбалер, голгетер, личност. Жал ми е за него. Не создадовме доволно шанси за него. Тој ќе ни помогне многу. Ни треба неговиот став. Ќе ни помогне да не ни се повторуваат вакви натпревари “, изјави тренерот на Баерн Томас Тухел и додаде :

„Не знам кои се причините за поразот, немам одговор на тоа прашање и тоа е голем проблем. Ова во основа е продолжение на нашиот последен домашен натпревар против Лајпциг. Изгледа како ништо да не сме работеле четири недели. Немам објаснување“, рече Тухел.

Scroll to Top