Top Sport

Турција се квалификуваше на Евро 2020 по ремито со Исланд (видео)

Турската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство во 2020 година и покрај тоа што „лутиот“ реванш против Исланд на „Турк телеком“ во Истанбул заврши само 0:0.

Турците не им простија на Исланѓаните за „необичниот“ пречек на гостувањето во Рејкјавик, кога ги обвинија домаќините дека ги „малтертирале“ на аеродромот, по што загубија со 2:1, но сега и ремито без голови им носи сигурен пласман од групата Х. Инаку, исландската химна беше пречекана со свирежи.

Турците сега се на првото место на табелата со 20 поени, еден повеќе од Франција, која ја пречекува Молдавија, додека Исланд ги губи шансите за пласман.

Ова е петти пат Турција да се квалификува на Европското првенство, по 1996, 2000, 2008 и 2016, додека имаат и три пласмани на Светските првенства, во 1950, 1954 и 2002 година.

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ, ГРУПА Х

Турција – Исланд 0:0

Франција – Молдавија 21.00 ч.

Албанија – Андора 21.00 ч.

Табела:  1.Турција 20, 2.Франција 19, 3.Исланд 16, 4.Албанија 12, 5.Андора 3, 6.Молдавија 3

Scroll to Top