Туто Спорт најавува дека во наредните денови ќе се случи голема размена на фудбалери на релација Јувентус-Пари Сен Жермен.
Според овој извор директорите на Јувентус го нудат Миралем Пјаниќ за Марко Верати и Емре Џан за Анхел Ди Марија. Наводно ПСЖ биле заинтересирани за овие играчи, а Јувентус сакаат да постигнат договор без да издвојуваат пари.
Туто Спорт ова го најавува како реално сценарио особено доколку ПСЖ го купат од Јувентус Паоло Дибала.