Top Sport

„Тутомеркато“: Саудијците ќе формираат фудбалска НБА лига која ќе се игра низ целиот свет

Огромен број ѕвезди ова лето заминаа во Саудиска Арабија, откако Кристијано Роналдо прв „потегна нога“ минатата сезона. Клубовите имаат огромни вложувања, а дојдоа и мегаѕвезди како Карим Бензема и Нејмар.

„Тутомеркато“ пишува дека Саудијците имаат идеја да формираат светска фудбалска лига по моделот на кошаркарската НБА. Саудијците размислуваат да формираат различни конференции низ светот како НБА лигата, а потоа најдобрите клубови ќе играат плеј-оф. Пари за тоа секако имаат, па УЕФА би можела да се најде во проблем. Тоа е еден друг вид на Европската Суперлига која ја заговараа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Би се формирале три или четири конференции од 16 до 18 клубови, а најдобрите би се соочиле на крајот во плеј-оф.

Оваа вест дојде откако последните денови почна да се пишува дека некој клуб од Саудиска Арабија може да добие покана за настап во Премиерлигата. Од следната сезона Лигата на шампионите ќе брои 36 клубови, а Саудијците се обидуваат да ја убедат УЕФА дека некој од нивните клубови треба да добие покана за настап.

Scroll to Top