Top Sport

По „корпата“ од Каиседо и Лавија, Ливерпул потпиша со 30-годишниот Ватару Ендо

Ливерпул го потврдија трансферот на јапонскиот фудбалер од средниот ред на Штутгарт, Ватару Ендо, откако претходно Челси им ги „украде“ Моисес Каиседо и Ромео Лавија овој преоден рок. Финансиските детали не се објавени, иако според британските медиуми Ливерпул дале 20 милиони евра за 30-годишниот капитен на јапонскта репрезентација.

„Пресреќен сум што се приклучувам на голем клуб како Ливерпул. Чувството е фантастично и е вистинско остварување на мојот сон, да се игра во Премиерлигата со еден од најголемите клубови на светот. Играм како ‘шестка’ и повеќе сум фокусиран на одбраната и се надевам дека ќе помогнам на клубот“, вели Ендо.

Ендо е трето засилувае на Ливерпул ова лето по Алексис Мекалистер од Брајтон и Доминик Собослаи од РБ Лајпциг.

Scroll to Top