Top Sport

Тутоспорт: Играчите на Јуве ги нервираше однесувањето на Роналдо

Јувентус во летниот преоден рок остана без Кристијано Роналдо. Португалецот по неуспешната сезона, во која Јувентус остана без титулата во Серија А и едвај избори место во Лигата на шампионите, реши по 12 години се врати во Манчестер Јунајтед.

Јувентус, без Роналдо, лошо влезе во сезоната. По осум кола „старата дама“ има 10 бода помалку од лидерот Наполи.

„Ја започнавме обновата, ова е нов почеток. Да останеше Роналдо, тимот ќе имаше дополнителен квалитет, со задоволство ќе го користевме неговиот потенцијал, но тој повеќе размислуваше за сегашноста отколку за иднината. Замина на 28. август, ќе беше подобро за нас доколку заминеше порано. Неговата одлука предизвика шок и тоа го плативме со губењето на бодови. Да си заминеше на 1.август ќе имавме повеќе време да се подготвиме за она што не очекува“, изјави вчера капитенот на „страта дама“, Џорџо Кјелини за ДАЗН.

Наспроти оваа изјава на Кјелини, влијателниот „Тутоспорт“ денека пишува дека на играчите не го „мирисале“ Роналдо.

„Роналдо не се трудеше во одбраната и никогаш не му се прилагоди на тимскиот дух. Редовно ги кршеше правилата во соблекувалната, која се темели на еднаквост, единство и понизност. Играчите започнаа да чувствуваа дека законот не е ист за сите. Тоа им дојде преку глава и тоа беше забележливо на теренот и надвор од него“, пишува „Тутоспорт“.

Scroll to Top