Top Sport

Кинезите ги „бришат“ Бостон селтикс поради коментарите на Кантер

НБА мечевите на Бостон селтикс веќе не се достапни за гледање во Кина, откако нивниот турски кошаркар Енес Кантер во видео го нападна кинескиот лидер Ши Џинпинг за „културниот геноцид“ во Тибет.

Во порака до кинескиот претседател и неговите „полтрони“, Кантер побара „слободен Тибет“ појавувајќи се во видео со Далај Лама, предводникот на тибетантскиот будизам.

„Под бруталното владеење на киексата влада, основните човекови права и слободи за Тибетанците се непостоечки. Не им се дозволува да го учат нивниот јазик и културата и немаат слободен пристап на информации. Повеќе од 70 години, не им се дозволува да ги практикуваат своите верски обичаи. Велам, срам за кинеската влада. Кинеската диктатура го брише тибетанскиот идентитет и култура“, вели Кантер во видеото.

По ова, „Тенсент“, кинеската ТВ-мрежа која плати 1.5 милијарди долари да го продолжи договорот со НБА во 2019, ги отстрани сите соддржини во кои се Бостон селтикс, а портпаролот на министерството за надворешни работи Ванг Венбин порача дека Тибет е дел од Кина. Според истражувањата Бостон се шестиот најпопуларен НБА клуб во огромниот кинески пазар.

Ова не е првпат Кантер да се најде во центар на политички контроверзи – во неговата татковина Турција тој е персона нон-грата поради критиките кон претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Scroll to Top