Искусниот хрватски напаѓач, Марио Манџукиќ, во јануари ќе се пресели на Олд Трафорд, во редовите на Манчестер Јунајтед, тврди „Тутоспорт“.
Манџукиќ оваа сезона е во втор план кај тренерот Маурицио Сари, не е пријавен воопшто за настап во Лигата на шампионите.
Хрватот за Јувентус одиграл 12 натпревари на кои постигнал 44 гола.
Манџукиќ во кариерата настапувал за Атетико Мадрид, Баерн Минхен, Волфсбург и Динамо Загреб. Лани со Хрватска го освои второто место на Светското првенство во Русија.