Неколку недели италијански Милан се обидува да го доведе на „Сан Сиро“ Анхел Кореа од Атлетико Мадрид, но двата клуба не можат да се договорат околу отштетата. Мадриѓаните бараат 55 милиони евра, а Милан нуди 45 и преговорите стојат на мртва точка.
Поради тоа, Звонимир Бобан и Паоло Малдини бараат алтернативни решенија, а како една од опциите се споменув хрватскиот репрезентативец, Анте Ребиќ, пишува „Тутоспорт“.
Според информациите, напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт е проценет на 40 милиони евра, нешто помалку од она што „росонерите“ го нудат за Кореа. Хрватот е примамлива цел затоа што веќе има настапувано во Серија А.
Претходно за Ребиќ се интересираше и Интер, но не се постигна договор.
Тренерот на Милан, Марко Џампаоло во хрватскиот фудбалер гледа играч што освен што може да биде во тимот покрај Пјонтек и Леао, може и да игра позади нивниот грб.